- На Твитер се појави приказна за ромско девојче од школо во Врбас со кое никој не сакал да оди на полуматура и кое било понижувано од соучениците.
- Мајка ѝ држи цвеќара, татко ѝ вози камиони по Европа. Дебилните деца од школото и донеле бакарна жица, алудирајќи на стереотипот дека Ромите собираат бакар.
- Прва се огласи пејачката Сека Алексиќ (потоа и други) и се понуди таа да ја придружува малата на забавата. Ѝ било пренесено, девојчето ептен се израдувало.
- Светската програма за храна (WFP) предупреди дека е принудена да го преполови обемот на својата помош за Палестинците на окупираниот Западен Брег и Газа поради проблеми со финансирањето, особено откако САД ги намалија хуманитарните донации.
- WFP соопшти дека ѝ се потребни дополнителни 386 милиони долари во текот на следните шест месеци за да им служи на околу 2 милиони загрозени луѓе на палестинските територии.
- На Западниот брег, агенцијата на Обединетите нации е принудена да ја намали помошта од 400.000 на 200.000 луѓе. „Од овој месец ќе биде намалена помошта во форма на готовина, ваучери, храна, програми за обезбедување егзистенција и нутриционистички услуги“, соопшти WFP.
- Од јули, за 40% е намалена паричната помош за околу 375.000 луѓе во Газа, каде што WFP обезбедува поддршка за 1,5 милиони луѓе, вклучително и храна за 1 милион.
- „Ситуацијата во Газа е подобрена во споредба со минатата година, кога во делови од палестинската територија беше прогласен глад“, истакна IPC - водечката светска институција за следење на несигурноста во снабдувањето со храна, но предупреди дека „условите сè уште се на ниво на криза“.
- Обединетите нации открија дека Сирија, под власта на Башар ал-Асад, градела нуклеарен реактор во Деир ез-Зор, во источниот дел на земјата.
- Инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во август посетиле две локации во Сирија и на една од нив откриле „инфраструктура што одговара на нуклеарен реактор“.
- Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, неодамна изјави дека инспекторите пронашле и неколку тони нуклеарен материјал во Сирија на локација што Дамаск ја пријавил во агенцијата. Ураниумот бил во форма на обложени шипки за гориво за реактор.
- „Агенцијата го верификуваше материјалот и потврди присуство на околу 73 тони метал од природен ураниум. Целиот материјал е под мерки за заштита и надзор“, објави МААЕ.