Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Бектеши спроведен во Кочани

17 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Екс министерот за економија Крешник Бектеши по 24 часа минати во полициска станица, со интервентна полиција беше изнесен и спроведен од полициска станица Карпош во кочанскиот суд.
  • Бектеши е еден од 14-мината за кои обвинителството бара краткотраен притвор. Ова го потврди државниот обвинител Коцевски кој информираше дека предистрагата за трагедијата во Кочани е проширена за шест нови лица.
  • Коцевкси потврди дека ќе се испитува и улогата на локалната полиција, но и на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов кој си поднесе оставка, а попладнево беше на распит пред обвинител.
извор

ДЕА: Нападите врз бродови не го запреле шверцот на кокаин до САД

28 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските напади врз бротчиња што наводно пренесувале дрога воопшто не го намалиле количеството на кокаин што доаѓа во САД, заклучила Управата за сузбивање наркотици (DEA) во внатрешен извештај.
  • Проценката е во спротивност со изјавите на претседателот Доналд Трамп дека операцијата Southern Spear „практично го запрела шверцот со дрога по морски пат“.
  • Операцијата во Карипско Море и во источниот Пацифик само ги принудила шверцерите да користат нови рути за транспорт на кокаин, заклучува DEA. Дрогата ја префрлаат на поголеми бродови и на авиони, а користат и крајбрежни рути.
  • Од 2 септември 2025 година па до крајот на јули, американските сили извршиле 63 напади врз бротчиња за кои оцениле дека пренесуваат дрога од Латинска Америка кон САД, при што загинале најмалку 221 лице. Пентагон тврди дека убиените луѓе биле шверцери или членови на нарко-картели, иако не ги потврдил нивните идентитети.
  • Организацијата за човекови права WOLA тврди дека нападите може да претставуваат вонсудски убиства, забранети според меѓународното право и како убиства согласно законите на САД. 
извор

ОН собираат докази за израелски воени злосторства во Либан

28 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права документирала прекршувања на меѓународното хуманитарно право од големи размери извршени од Израел во Либан, од кои некои може да претставуваат воени злосторства. Независна мисија договорена со либанската влада, веќе е на терен и собира докази за наводни прекршувања на меѓународното право, сторени од сите страни во конфликтот по 2 март.
  • „Континуираните израелски воздушни напади, гранатирањето и употребата на експлозивно оружје во густо населени области предизвикале голем број цивилни жртви, широко распространето уништување и масовно раселување“, изјави комесарот Фолкер Турк, на крајот од официјалната посета на Либан. И ракетите истрелани од Хезболах кон населени области во Израел убиле цивили и оштетиле инфраструктура.
  • Турк изрази загриженост и поради тоа што израелските сили окупираат значителна либанска територија на југот и продолжуваат да убиваат и да повредуваат луѓе во Либан и покрај договорот за прекин на огнот постигнат на 17 април.
  • Цели села јужно од реката Литани – околу 30 километри од границата со Израел – се уништени или невозможни за живеење. Масовното раселување на цивили и оневозможувањето на нивното враќање, би можеле да претставуваат меѓународни злосторства. 
  • Според либанските власти, повеќе од 4.300 луѓе се убиени, а 12.200 се повредени во Либан од 2 март, како последица на конфликтот меѓу Израел и Хезболах. Меѓу нив има повеќе од 135 здравствени работници, како и новинари и медиумски работници.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Тажни сцени пред Сент Џејмс Парк

Фудбал
2

Да не згрешите дека е Норвежанец

Македонштина
3

САД може да и земе на Шпанија 19 милиони долари од наградата за светски шампион

Фудбал
4

Пентагон рачуна две војни со Иран

5

Од славните мундијалски денови, голманот на Курасао се врати во секојдневието

Фудбал
6

Успешната приказна на Полска заглави во долгови

Свет
7

Не го дочекуваме ние ова

Видео
8

Три промили во голманот е доволно за пораз

Балканштина
1

Пентагон рачуна две војни со Иран

2

Успешната приказна на Полска заглави во долгови

Свет
3

САД намерно пропуштаат ирански ракети и дронови

Свет
4

Почина Гоце Тодоровски

5

Исланѓаните не сакаат Брисел да им се меша во референдумот

Свет
6

Карл Билт прави шведска верзија на МИ6

7

Почина Гоце Тодоровски

8

Американците лани оставиле 300 милијарди долари по кладилници

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да не згрешите дека е Норвежанец

Балканштина

Три промили во голманот е доволно за пораз

Балканштина

Уште инфлуенсер фали

Македонштина

Некои скопјани се плашат на англиски

Македонштина

Народска двојазичност

Балканштина

Адидас лајкс дис

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Чкаља во нашите срца

Предоперативни зафати

Малку ви е, телиња, малку

Рецесија на циркусот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy