- Во цајтнот пред да ја напушти Белата куќа, американскиот претседател Џо Бајден го помилува Ентони Фаучи, главниот архитект на државните здравствени политики од времето на пандемијата кои ги паметиме по карантините, задолжителните маски и хистеријата против оние кои имаа какви било прашања околу вакцините.
- Во завршната транша помилувања на Бајден се најдоа и пензионираниот генерал Марк Милеј, членовите на комитетот на Претставничкиот дом кои водеа истрага за упадот во Капитол Хил во 2021 година, како и сведоците кои досега се појавија пред тој комитет.
- Помилувањата се правдаат како желба да се заштитат тие луѓе од одмаздата на Трамп.
- Претходно, Бајден го помилува од секаков можен прогон својот син Хантер Бајден кој за огромни пари беше инсталиран во една украинска компанија а приказната за неговиот лаптоп беше цензурирана од режимот на Твитер пред Маск да ја купи платформата.
- Возачите на електрични тротинети имаат трипати поголема веројатност да претрпат трауматски повреди на мозокот отколку мотоциклистите или велосипедистите, покажува анализа на сообраќајни несреќи во Ангија и Велс. Сепак, ризикот од скршеници на коските кај возачите на тротинети е помал.
- Според студија во списанието Scientific Reports, помалку од 6% од возачите на електрични тротинети изјавиле дека носат шлем.
- Жените на тротинети имале за една третина повеќе незгоди од мажите и двојно повеќе случаи на тешки повреди. Анализата покажала дека жените почесто возат електрични тротинети по тротоари, а мажите почесто користат мобилен телефон додека возат.
- Голем е ризикот и за децата: 16% од повредите при несреќи со електрични тротинети биле кај лица помлади од 18 години.
- „За разлика од автомобилите и мотоциклите, електричните тротинети беа воведени без никаков услов за обука, иако се моторни возила. Возачите стојат и имаат повисоко тежиште од велосипедистите и почувствителен механизам за управување. Малите тркала повеќе реагираат на удари во дупки или предмети на патот. Овие карактеристики ги прават помалку стабилни по природа и придонесуваат за сериозноста на повредите при несреќи“, забележува Петја Венциславова, виш предавач по транспортна психологија на Универзитетот Нотингем Трент.
- Највисокиот американски генерал бара стратегија за излез од војната со Иран откако заклучил дека воздушните напади сами по себе не се успешни, а понатамошна ескалација би водела кон уште потешки последици.
- Ден Кејн, шефот на Здружениот Генералштаб на воените сили, ги предупредил потпретседателот Џеј Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио и директорот на ЦИА, Џон Ретклиф за ограничувањата на воените активности на САД во Иран, според извори на ЦНН.
- „Мислам дека тоа е само неговиот начин да ја заштити војската“, изјавил еден од изворите.
- Еден од клучните проблеми за продолжување на воздушните напади потрошената залиха од муниција. Ројтерс неодамна објави дека американските сили ги потрошиле „речиси сите“ свои наведувани ракети од типовите ATACMS и PrSM во војната со Иран, како и половина од арсеналот на крстосувачки проектили Томахавк.
- Единствената алтернатива на воздушните операции е крајно ризична: масовно распоредување копнени трупи на иранска територија околу Ормускиот проток. Според изворите на ЦНН, Пентагон разгледува и таква опција, но никој не ја поддржува, бидејќи при копнена инвазија и окупација би биле загрозени животите на илјадници американски војници.