- „Ако не беше СССР, од Бугарија ќе останеше само Софиската област, зашто тогаш, по Втората светска војна, стана збор за поделба на Бугарија и само Советскиот сојуз не дозволи таа да се подели,“ изјави руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова.
- Митрофанова потсетува дека токму СССР решил да и дозволи на Бугарија да ја задржи Добруџа, која до пред војната била дел од Романија.
- Таа им порача на Бугарите и малку повеќе да припазат на спомениците на Црвената армија во земјата, а не да ги сквернават.
- Израелската армија потврди дека е автентична фотографијата што се шири на социјалните мрежи, на која се гледа како израелски војник со голем чекан ја удира главата на Исус на статуа што паднала по израелски напад врз христијанското село Дебл во јужен Либан.
- Северната команда објави дека се спроведува истрага за инцидентот, дека „ќе бидат преземени соодветни мерки против одговорните за инцидентот во командниот синџир“ и дека „се соработува со локалната заедница за да се врати статуата на своето место“.
- Пред да постигне договор за прекин на огнот во Либан, Израел протера близу 1 милиони Либанци од територијата јужно од реката Литани, уништи многу села и сè уште ја окупира територијата.
- „Господе, прости им, зашто не знаат што прават“.