- Непостоечка фирма во Скопје, со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати и фалсификувани потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година добила најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции.
- Информацијата е од Државната комисија за спречување на корупцијата, од каде објаснуваат дека не можат да го објават името на фирмата, па не се знае точно кои лифтови низ државните институции се сервисирани и одржувани од луѓе со лажни ИСО сертификати.
- ДКСК „изразиле надеж“ дека Јавното обвинителство експресно ќе постапи за овој случај.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.