- Хонгконшки суд го осуди на 20 години затвор медиумскиот тајкун и продемократски активист Џими Лаи, поради загрозување на националната безбедност на Кина.
- Лаи, 78-годишен британски државјанин, во декември беше прогласен виновен за обвинувањата за „дослух со странски сили“ и за „бунтовнички написи“ во неговиот весник Епл дејли, кој беше затворен во 2021 година.
- „Лаи со години изразуваше негодување и омраза кон Кина и бараше да падне Комунистичката партија“, објави судот.
- Властите во поранешната британска колонија објавија дека случајот „нема никаква врска со слободата на говорот или слободата на печатот“.
- Според групата Репортери без граници, најмалку 900 новинари од Хонг Конг биле отпуштени во четирите години по усвојувањето на контроверзниот Закон за национална безбедност. Хјуман рајтс воч тврди дека согласно законот биле уапсени 365 лица, од кои 174 се осудени.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.