- Во Хрватска расте потрошувачката на лекови за смирување при што со години предничат три жупании: Вуковар (280 дневни дози на 1.000 жители), Вировитица (277) и Подравина (270). Најмалку лекови за смирување се земаат во загрепската жупанија.
- Тоа значи дека отприлика секој четврти жител на Подравина секој ден зема нешто за нерви.
- Најмногу се троши дијазепам чии најпознати претставници во Хрватска се Апаурин и Нормабел, со 42 дневни дози на 1.000 жители.
- Убедлив бестселер во Хрватска е витаминот Д, следуваат лекови за намалување масти во крв, стомачни киселини и аспирин.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.