Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
На вчерашниот реванш натпревар од ракометниот двомеч помеѓу Македонија и Грција, спортската сала „Борис Трајковски“ беше обоена во црвено-жолта боја. Не само најверните навивачи од македонската „Фаланга“ туку и сите останати кои дојдоа да ја бодрат нашата репрезентација уште на почетокот направија пеколна атмосфера во која на Грците не им преостана ништо друго освен да „изгорат“ во македонскиот ракометен вулкан!
Старо, младо, машко, женско, познати фаци, обични луѓе, навивачи… Речиси и да немаше човек кој не се потрудил да најде да облече на себе нешто во боите на македонскиот национален тим. Црвено-жолти дресови, маички, шалчиња, капи, перики…
Речиси сите беа облечени во боите на нацијата, освен тој… Претседателот на Либерално-Демократската партија и градоначалник на скопската општина Центар, Андреј Жерновски. Дојде да навива на трибините во Борис Трајковски облечен во „Адидас“ маичка или дрес, што ли ќе беше, во сина боја со бели ленти, кои се националните бои на нашиот вчерашен противник – Грција. Впрочем во такви дресови играа и нивните ракометари! Цела сала во црвено-жолто, само тој во сино-бело!
Многумина кои го видоа на трибините гласно се запрашаа каде живее човеков? Дали нема национално чувство или му недостасува осет за навивачки дрес-код!? Или…