Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Во центар.
Социјалната мрежа Твитер одамна стана место каде не се објавуваат само нечии ставови и мислења, туку и ситуации, интересни факти или исповеди кои поединци сакаат да ги споделат.
Така, една жена, револтирана од ситуацијата во која се нашол другарот на нејзиниот син, го напишала следново:
– Другарот на мојот син доби дете со 39-годишна жена. Буквално, би ја запалила таа жена затоа што ,,скока” врз деца. Да бидам искрен, тетката буквално му го заеба животот на 23-годишно дете – напиша овој твитерџија.
Секако, твитот стана вирален со брзина на светлината, а многумина го кажаа своето мислење:
– Страшно, ужас. Што прават денешните 23-годишни ДЕЦА…
– За жал, тој имал 23 години и не е дете. И двајцата се возрасни, но не обрнале внимание, а не се ниту први ниту последни.
– Госпоѓата се плашеше дека и таа ќе стане баба.
– Па, тој не е 23-годишно дете – беа дел од коментарите.