Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Слободен печат.
По дури четири години, Станија Добројевиќ и Кристијан Голубовиќ, кој пред неколку дена излезе од затвор, се сретнаа вчера во емисијата „Амиџиќ Шоу“.
Она што е особено интересно е тоа што Станија не знаела дека ќе го види Кристијан, но и тој не знаел дека таа ќе биде во студио.
Штом завршила со играта, се заврте и се шокираше кога го виде Кристијан Голубовиќ. Иако се трудеше да остане смирена и да не покажува дека е изненадена, реакциајта и беше забележителна.
Кристијан како и секогаш се однесуваше џентламентски и професионално, па и на Станија и на Кија Коцкар која исто така беше гостинка им ги бакна рацете. Подоцна, за време на емисијата додека се присетуваше на првото испиено кафе кое на „Фарма“ му го подготви Станија, ја нарече „малечка“.
На прашањето дали се во доби односи, Станија не се снајде најдобро, па го нарече поранешен „ријалити“ пријател, а Кристјан за разлика од неа кажа дека се е во ред и после толку долго време.