Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Актуелно 24.
Ако сакате брзо да го наполните паричникот, треба што поскоро да ја снабдите вашата градина со цветот crassulа ovata, познатo како дрвото на парите. Според фенг шуи, присуството на ова растение ги привлекува парите во Вашиот дом.
Докажано е дека позитивно влијае на работата и привлекува пари заради неговите листови, слични на монети. Во некои азиски земји овие растение се пренесува од генерација на генерација. Растението не бара многу нега, одржливо е и трае многу долго.
Се што му треба е светлина, бидејќи без неа листовите ќе му изумрат. Во топлите делови од годината може да се изнесе надвор, но важно е да не се изложува на директна сончева светлина. Се разбира, тогаш е потребно и повеќе да се полева со вода, но тоа треба да се прави кога претходната е целосно исушена. Ако земјата е премногу влажна коренот може да изгние. За да има убава круна, можете да ја кастрите. Ако го пресадите во голем сад, со дополнително потхранување, ќе расте многу брзо. Почвата му е како за кактусите и таа е најпогодна за одгледување на ова растение.