Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Press 24.
Пациент за кој постоеле сомнежи дека боледува од заразната болест ебола е примен на Инфективната клиника во Белград. Претпоставката дека е заразен се темели на тоа што имал висока температура и неодамна бил во Либија.
По долготрајни испитувања и прегледи, од клиниката заклучиле дека нема ебола, туку воспаление на белите дробови.
- Ја следиме неговата здравствена состојба, но сепак клиничката слика не покажува дека е заразен со ебола, рекле од клиниката во изјава за српски „Блиц“.