Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Охрид1.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и натаму во 45-тата година од животот демонстрира физичка подготвеност и спортски и здрав живот, оставајќи впечаток дека има енергија како да е триесетгодишник.
Бакрачески кој деновиве беше во Хрватска на краток летен одмор со своите синови, и за време на одморот не мируваше па го искористил престојот за рекреирање со скокање од карпа во морските води.
Охридскиот Градоначалник е често присутен во медиумите со своите спортски активности, од играње фудбал, кошарка, ракомет, а сега имаме прилика да го видиме и како прави акробации во воздух и вода и тоа во шорц за на плажа.
Бакрачески покрај тоа што е зависник од работа, активно спортува, од тимски спортови, потоа пешачење во природа со километарски маршути, па се до трчање и тренинзи во теретана.
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО:
ФОТО ГАЛЕРИЈА: