Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Коментар.
Последната манија во Јапонија, се вештачките носеви кои му се нудат на човекот, без да прави пластични операции.
Откачените додатоци чинат два долари и можат да бидат купени од специјални автомати.
Се нудат четири модели во две различни бои, едниот дури издава звук кога прстите се стават во ноздрите, а другиот пушта и вештачки слуз.
Чепкањето на носот се смета за крајно неприфатливо на јавно место, но едно научно истражување ги докажува придобивките од него, а конзумирањето на секретот се покажува корисно за имунолошкиот систем, бидејќи во нив се содржи коктел од антисептички ензими.
Професор Скот Томас од Универзитетот во Саскачеван е на мислење дека добрата хигиена довела до сериозно зголемување на автоимуни болести и алергии.
"Природата нè упатува да правиме различни работи кои се добри за нас. Затоа, кога ќе ни се посака да го чепкаме носот и да ги конзумираме секретите, тоа треба да го направиме тоа", советува професорот Томас.