Утре е голем празник – девојките кои сакаат да се омажат треба да го направат ова

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пинџур.


Православната црква и нејзините верници утре го слават Видовден, празник за кој се поврзани бројни верувања и обичаи. На Видовден најмногу му се радуваат девојките, бидејќи вечерва би можело да дознаат кој ќе им биде идниот сопруг.

Имено, се верува дека видовитата трева која порано се сметала за билка за гатање, може да им открие кој ќе биде нивниот иден сопруг. Ноѓта пред Видовден девојките земаат малку од таа трева, парче леб и малку сол и ги ставаат под перница, а потоа ги кажуваат овие зборови:

„Виде, Виде! Еве ти сол, земја, леб и небо, кажи ми кој ќе ми биде суден. Нека ми дојде во сон.“
Според верувањата девојката оваа вечер ќе го сонува идниот сопруг.

Постои уште едно верување, а тоа е дека видовитата трева им помага на немажените за кратко време да го запознаат идниот сопруг. На Видовден растат два вида треви: видовчица- со црвена боја и мал цвет, модра вида- со сличен цвет. Треба да се пронајдат двете, да се наберат и да се стават под перница. Потоа пред спиење да го изговорат следново:

„Све Виде, невиден, дојди најдраг мој суден, дојди вечерва во мојот сон, дојди на мојот прв состанок.“

Како што се верува девојките кои ќе го сторат ова во наредните денови ќе го запознаат својот иден сопруг.

27 јуни 2017 - 15:56