Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Репортер.
Убиецот на Јелена Марјановиќ пред Нова Година би можел да направи погрешен чекор, затоа што тие кои убиваат од страст. „пукаат“ за време на празнична атмосфера, предупреди полициски психолог инспектор кој работи на случајот.
Тој рече дека е јасно дека Јелена е убиена од страст, а таквите убијци во празнична атмосфера обично прават нешто во знак на каење или едноставно посакуваат да остават порака на жртвата и нејзиното семејство.
Поради тоа инспекторите кои работат на случајот на Јелена добиле упатство да пред празникот го набљудуваат гробот на Јелена, насипот каде е убиена, и местото каде редовно го посетувала, затоа што се очекува да убиецот се појави таму и можеби дури и да признае што направил, пренесува Информер.
Полицискиот психолот кој работи на најтешките случаи, даде целосно нов правец во истрагата. На инспекторите им е предочено дека убиецот на Јелена Марјановиќ сосема сигурно ќе дадат некој знал во текот на престојните празници.
Се очекува дека убиецот ќе се појави на некое од тие места и ќе направи нешто за да искаже каење или да испрати порака на жртвата. Тогаш злосторникот би можел да се издаде, можеби дури и да го признае злочинот и така ќе биде фатен“, објаснува полицискиот психолот, соговорник на Информер, и додава дека ако не се открие пред празникот следната прилика е годишнината од нејзината смрт.
Полицискиот експерт Марко Ницовиќ, вели дека убиецот на Јелена се бори со совеста, и дека атмосферата на празникот би можела да го примора да го признае злосторството.
„Убиецот кој злочинот го прави од страст потребно е време да го признае злосторот, затоа што не можат долго да се носат со грижата на совест. Убиецот на Јелена за кој и понатму се тврди дека е близок до неа, може да се предаде во моментот кога се ќе го потсети на неа“, нагласува Ницовиќ.