Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Курир.
Овие фотографии навистина ќе ве разнежнат и ќе ве остават без зборови – една лавица почина од тага откако виде дека срната која ја убила, била бремена...
Лавицата започнала да го јаде својот плен, но потоа забележала дека во нејзиниот стомак има младенче.
Како што раскажува фотографот кој ги направил овие трогателни фотографии, лавицата внимателно го фатила малечкото и го оставила на земја.
Потоа и самата легнала на земјата и престанала да мрда.
Фотографот, кој истовремено бил и ветеринар, по некое време собрал храброст да и се приближи на лавицата и за жал увидел дека е мртва.
Откако врз неа направил обдукција, заклучил дека починала откако срцето и пукнало.
Како што вели тој, лавицата починала од тага поради младенчето и неговата мајка...