Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Медиа.
- Не само што можеме да се прехраниме себе си, земајќи ги предвид земјата, водните ресурси... туку Русија може да стане најголем снабдувач на здрава еколошка чиста и висококвалитетна храна која западните произведувачи одамна ја запоставија, особено со обѕир на фактот дека побарувачката за тие производи на светско ниво расте, рече Путин во руското собрание.
Според него, Русија сега е извозник на храна, а не увозник.
- Пред десет години увезувавме речиси половина од храната и бевме зависни од увоз. Сега Русија е меѓу главните извозници. Лани вредноста на рускиот извоз на земјоделски производи изнесуваше речиси 20 милијарди долари, што е за четвртина повеќе од приходот од продажба на оружје, рече тој.
Есеноска Кремљ донесе одлука дека не смее да се користи ГМО во производството на храна.
Русија воведе и ембарго на испораката на производи за ЕУ и САД, како одговор на западните санкции. Исто така, по соборувањето на рускиот сухој руските власти одлучија од 1 јануари да запре увозот на овошје, зеленчук и живина од Турција.