Супа која лечи сè

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Ladybook.

Ако сакате да пробате нешто ново и освежително, ова е вистинскиот рецепт за вас. Секоја состојка во оваа кашеста, слатка, а сепак фина мешавина на супа од јаболко и тиква, има барем едно од овие својства полезни за вашето здравје: 

Антиоксидант - кардамон, кромид, ѓумбир, морков, јаболко, тиква

Антибактериски - лук

Антимикробични - цимет

Антивирални - кромид, лук

Антинфламаторни - куркума, цимет, кардамон, каранфилче, кромид, ѓумбир, тиква

Антибиотик - кромид

Антиканцероген- кромид, морков

post cover photo
post cover photo

Состојки

  • 2 супени лажици маслиново масло

  • 1 кромид, исечкан

  • 2 главици лук, сечкани

  • 1 прст свеж ѓумбир или рендан (две супени лажици)*

  • ½ лажиче куркума

  • ½ лажиче цимет

  • ½ лажиче кардамон

  • малку мелено каранфилче

  • 2 моркови, излупени и исечкани

  • 2 јаболка, излупени, исчистени и исечкани

  • 1 тиква, исечкана (околу 4 резанки)

  • власец, колку повеќе толку подобро

  • 1 лажица павлака, 1 лажичка

  • малку сол и бибер (по желба)

* Ако го чувате вашиот корен од ѓумбир во замрзнувач, тоа го прави значително полесен за сецкање или рендање.

Начин на подготовка: 

Во сад со средна големина, загрејте го маслиновото масло на тивок оган.

Додајте ги кромидот и лукот и гответе ги додека не омекнат, околу 6-8 минути.

Додајте го ѓумбирот, куркумата, циметот, кардамонот и каранфилчето и гответе додека не замириса, околу 1 минута.

Додајте го морковот, јаболката, тиквата и 3 чаши вода.

Откако ќе почне да врие, супата поклопете ја делумно за да се сталожи и посипете ја со сол и бибер по вкус.

Гответе ја додека не омекне зеленчукот, околу 20-30 минути.

Потоа оставете да се олади и испасирајте го со гмечалка, па изматете ја смесата во блендер.

Гарнирајте со павлака и малку власец и по потреба додадете сол и бибер по вкус.

Сервирајте ја супата топла.

3 март 2014 - 09:39