Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Љубица Јаневска – Ивановска редовно ја гледаме како презентерка на вестите на телевизијата „Канал 5“.
Убавицата покрај тоа што не информира за актуелната состојба во Македонија и светот, таа е и вистински мелем за очите со својата убавина. Стилистот Александар Билјановски Дадар во една пригода откри дека нејзиното лице е едно од омилените што сака да ги шминка.
Сега повторно средена од глава до петици таа посветено си ги извршуваше своите работни задачи се додека во студиото на Канал 5 не и упадна нејзината колешка од утринската програма Јелена Спенџарска.
Темпераментната црнокоса ја шокираше Бубе со своето ненадејно присуство, а пак Спенџарска со насмевка на лицето позираше за да ја овековечи оваа ситуација.
Дали навистина се работело само за шеговит упад или пак извршување на некоја работна обврска, останува да видиме!