Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пулс 24.
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во доцните попладневни и вечерни часови се очекува зголемување на облачноста особено во северните делови каде ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени.
Што се однесува до наредните денови веќе не очекува нестабилно и значително посвежо време во однос на температурите на кои сме навикнати. Така во четврток ќе имаме нестабилност со највисока дневна температура од 29 степени, додека во петок таа ќе опадне на 25, а веќе во сабота на 24 степени целзиусови.