Соништата за блиските починати луѓе НЕ СМЕЕТЕ да ги игнорирате. Еве зошто!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пулс 24.

Често во соништата знаат да ни се појават блиските луѓе кои починале. Тоа е нормална појава бидејќи многу ни недостигаат, но некогаш тие соништа носат и важна порака со себе.

img
img

Дали некогаш во сон ве има посетено некој од вашите најмили, а неодамна починал? Дали сте се запрашале што значи тоа?

Лори Мур верува дека кога ќе ве посети некој починат во сон, тој сака да ви прати порака.

Се обидуваат да кажат дека сѐ е во ред

Мур вели дека нашите починати не доаѓаат додека не заврши процесот на жалење, за да може нивната порака да дојде до нас. Ако видите дека тие ви доаѓаат во сон, значи дека се добро и дека стигнале до „другата страна“. Ќе ве посетуваат за да ви дадат до знаење дека се присутни – било да е тоа преку мирис, треперење на светлина или одредена песна на радио.

Се обидуваат да ви посочат дека секогаш ќе бидат тука за вас

Можете да ги видите вашите сакани во сон кога се наоѓате пред тешка животна одлука, што е начин да ви пренесат дека ве поддржуваат.

Сакаат само да ви кажат дека ве сакаат

Само посакуваат да знаете дека ве сакаат и дека внимаваат на вас.

Можеби ве предупредуваат

Ако сакаат да ве предупредат на нешто, ќе се појават на начин кој е поинаков од вообичаениот. Ќе изгледаат чудно или неприродно во сонот, а тоа се знаци кои не смеете да ги игнорирате.

Некогаш не прозборуваат ниту збор

Тие можеби нема да прозборат во сон, туку пораките телепатски ќе се пренесат. Можеби само ќе се насмевнат и ќе си заминат, давајќи ви знак дека внимаваат на вас.

Не сте единствени – овие соништа се чести и нормални

Овие соништа им се случуваат на сите коишто имаат некој близок починат во скоро време. Ако не сте сонувале сакана личност што починала, а би сакале да допрете до неа, водете дневник на соништата или спијте со личен предмет на саканата личност.

15 февруари 2016 - 19:05