Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Локално.
Мишел Обама испрати силна политичка порака во неодамнешното обраќање до нацијата, по што многумина забележаа интересен детал на ѓерданот што го носи.
Поранешната прва дама на САД зборуваше на виртуелната конвенција на Демократската партија, а во својот говор изрази поддршка за Џо Бајден, кој подоцна стана официјален кандидат на партијата за претседателските избори што ги очекуваат Американците во ноември.
Додека Мишел го критикуваше Доналд Трамп, велејќи дека не е дораснат на задачата, гледачите почнаа да пишуваат на Интернет за интересен детал што го забележале на неа.
За време на обраќањето, Мишел носела златен ѓердан околу вратот, чиј приврзок испраќа скриена порака. Ако погледнете внимателно, ќе видите дека ѓерданот ги содржи буквите „vote“, што преведено на македонски значи „гласај“.