Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Весник.
Споделувајќи слика на официјалниот профил на семејството на Твитер, војводата од Кембриџ рече: „Во вторникот ја примив првата доза на вакцина Ковид-19.
„На сите оние кои работат на ширење на вакцините – благодарам за сè што сте направиле и продолжувате да правите“.
Но сè што напишал падна во втор план заради едена работа на фотографијата која не ѝ промакна најавноста.
„Леле, каков бицепс“, „Сега е јасно зошто Кејт секогаш изгледа толку среќна“, „Тој е толку убав“, „Честитки за бицепсот“, беа коментарите за мускулестите раце на Вилијам, кои очигледно сите не изненадија, бидејќи ретко имаме шанса да го видиме принцот во маичка. Фотографијата собра стотици илјади лајкови за само неколку часа.
Принц Вилијам сега е последниот постар член на кралското семејство што ја прими вакцината откако неговата баба, кралицата Елизабета (94) ја прими во јануари, а неговиот татко принцот од Велс во февруари. Исто така не се откриваат детали која вакцина ја примил и дали Кејт Мидлтон исто така примила вакцина.