Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Идивиди.
Со натприродните, односно телепатски способности располага секој човек. Според најновите сознанија на науката, таквите способности се наследни. За жал, многу луѓе не се ни свесни за способноста со која располагаат.
Американските научници, во соработка со познатиот јасновидец Клерисом Бернард, развиле интересен тест за лична употреба. На основа на овој тест, секој може да воочи дали располага со натприродни сили или не.
Еве како се изведува:
Одговорете на 20-те прашања на овој тест. За секој потврден одговор добивате 10 поени, За одговорот „не сум сигурен“ добивате 5 поени, а за негативен одговор не добивате ништо.
1. Дали некогаш сте имале необично претчувство дека нешто ќе се случи и потоа тоа навистина се случило?
2. Дали често ви доаѓаат инспирации?
3. Дали некогаш сте помислиле на нешто и тоа навистина се случило?
4. Дали имате посебно чувство за контакти со непознати луѓе и со животни?
5. Кога им зборувате на животните, имате ли чувство дека тие ве разбираат?
6. Дали некогаш сте имале чувство дека нешто се случува со ваша блиска личност иако просторно сте биле многу оддалечени?
7. Имате ли чувство, кога нешто ќе видите, дека веќе сте го виделе некаде претходно?
8. Дали попрво ги следите чувствата, отколку разумот?
9. Кога ќе запознаете некој за прв пат, чувствувате ли веднаш дали ќе ви биде пријател или не?
10. Кога сте далеку од саканата личност или од пријател, имате ли чувство дека сепак сте билску еден до друг?
11. Верувате ли дека луѓето имаат повеќе од пет сетила?
12. Верувате ли дека навистина постои можност за читање на мисли?
13. Дали некогаш сте имале чувство дека некој од далеку воспоставува контакт со вас преку мислите?
14. Дали понекогаш знаете што некој ќе каже и пред да ја отвори устата?
15. Верувате ли дека одредени пејсажи, градби или простории имаат силно влијание врз вас?
16. Дали често вашите совети насочени кон другите се покажуваат како исправни?
17. Дали сте имале претчувства и многу пријателско чувство кое не сте можеле да си го објасните?
18. Дали сте подготвени да прифатите научно тестирање, кое би дало одговор на прашањето дали имате натприродни способности или не?
19. Дали понекогаш сте имале чувство дека можете да ги читате туѓите мисли, а при тоа да излезе дека не сте погрешиле?
20. Дали ве фасцинира способноста за претскажување на иднината на другите луѓе?
Резултат:
Соберете ги поените кои ги добивте од сите прашања.
- Доколку вкупно имате под 100 поени, вашите натприродни сили се слабо изразени. Внимавајте на креативната сила која води до нови идеи – кај вас таа поминува незабележливо.
- Доколку имате од 100 до 145 поени, вашето чувство за натприродни работи е прилично развиено. Мора да поработите на активирање и развивање на вашето шесто сетило.
- Доколку бројот на вашите поени се движи од 150 до 195, вашите натприродни способности се силно изразени. Мора да вежбате со цел да ги зајакнете уште повеќе.
- Доколку имате над 200 поени, веројатно веќе одамна сте свесни за вашите натприродни способности заради бројните натприродни искуства кои сте ги имале. Понекогаш ја гледате иднината многу јасно, како што обичните луѓе ја гледаат сегашноста.