Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Галама.
Постои верување дека ако покојникот се погребе без верски обичај, без разлика дали е тој муслимански, православен или некаков друг, тогаш духот на починатиот неможе да најде мир и затоа престојува се’ уште со семеството, вознемирувајќи ги, барајќи верско простување и духовен мир.
Многумина сметаат дека Шабан како муслиман требаше да се погреба според муслиманските обичаи. Славниот Шабан Шаулич трагично го загуби животот на 17 февруари оваа година, во сообраќајна несреќа, а беше погребан без верски церемонии на 22 февруари 2019 година, во белградската Алеа на великаните.
Неговите најблиски пријатели тогаш коментираа дека без разлика на одлуката од белградските власти Шабан да биде погребан во Алеата на Великаните, сепак пеачот требаше да биде погребан според неговата желба, односно покрај својата мајка која била била муслиманка и која била погребана според сите верски обичаи.
Смртта беше брза, неочекувана, па веројатно неговата желба не успеал да им ја соопшти на својата сопруга и деца. Тие донеле одлука на погребот да нема оџи ниту попови, па организирале граѓански погреб со песната “Не плачи душо” во изведба на тројца хармоникаши.
“Шабан е роден во муслиманско семејство, воспитуван е во тој дух, но не беше така погребан. Тој порасна во СФРЈ и освен своето семејство, тој никогаш не беше верски дефиниран. Според муслиманските правила тој не беше “влезен” во верата, но сега да не навлегуваме во детали околу тоа, знаете за што станува збор – објаснуваат од неговото најблиско семејство, додавајќи и тоа, дека Шабан ги почитувал сите религии, но не исповедал ниедна вера.
Никогаш не влегол во ниту еден верски објект. За него организираната религија била непознатица. Бил човек кој ама баш никогаш не ги гледал луѓето според својата верска вероисповед, кој на која вера и религија припаѓа… Важно му било само каков е човекот.
Уште непоминати 40 дена од Шабановиот погреб, колку што според верското толкување е потребно за душата да најде смирение, а во куќата на славниот пејач, па и во соседството завладеала општа паника. Во Шабановата куќа во текот на ноќта го гледале духот на Шабан како шета, пали и гаси светла, а потоа седнува во трпезаријата на тремот каде најчесто одморал и го гледал Дунав.
Поедини белградски медиуми веќе започнале да објавуваат за “Шабан вампирот” изнесувајќи изјави од соседите кои панично бараат помош од поповин и исцелители.
-Сите сме во шок, за тоа постојано се зборува со денови. Никој од семејството на Шабан не влегува во куќата веќе десеттина денови. Или, не смеат, или се обидуваат да го решат овој проблем со оџи и попови – раскажува еден сосед за белградските медиуми.
Сите погледи се вперени кон Гоца Шаулич, Шабановата вдовица и нивните деца. “Веројатно ќе бара помош од духовни исцелители, оџи и попови. Вакви работи често се случуваат кога ќе се закопа човек без верски обичаи. На Шабан требаше да му се направи погреб според муслиманските обичаи, или барем во куќата требаше да направат верски обред, веќе ако не можеа во Алеата на великаните.
Денес неговиот дух ќе беше спокоен, а неговите од семејството и неговиоте соседи ќе беа мирни. Сега нема да може така лесно да се сопре појавувањето на неговиот дух. Тој и натаму ќе се појавува во глуво доба, и натаму ќе слушаат како пушта вода, како отвора врати од ормани, прозори, како исчезнуваат работи.
Гоца, неговата сопруга, како православна и советуваме да запали свеќа во Црква за неговото смирение. Исто така, треба да дадат курбан за душата на Шабан, инаку во семејството ќе имаат неслога и несреќа – советуваат неговите соседи.