Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Црно бело.
Прстенот е симбол на љубовта, симбол на најзначајното „ДА“ во вашиот живот. Но, сте се запрашале ли што открива неговиот изглед за вас?
Со голем или мал камен, од бело или жолто злато, едноставен или раскошен, варијантите се бескрајни, но она кое познавачите на психологијата и знаците може да го видат во него е одраз на вашата личност, важите желби и идеали.
1. Класичен прстен со еден дијамант
Вие сте апсолутно традиционална личност и најверојатно прстенот кој го носите многу наликува на тој кој баба ви го имала години претходно. Вие сте вљубеник во безвременската класика, баш како и прстенот, вие поседувате бескрајна чувствителност. Не сте личност која ги следи трендовите и целите кон работи кои никогаш не излегуваат од мода.
2. Прстен во бохо-стил со голем четириаголен дијамант
Вие сте опуштена личност со забавен и слободен дух. Сакате изразени карактеристики како на пример огромен број камчиња кои ја следат линијата на прстенот. Сакате да живеете во моментот и без да чувствувате дека нешто ве ограничува или определува.
3. Посебен прстен со повеќе украсни дијаманти
Вие сте личност која почитува уникатност и различност и воопшто не ви е тешко да потрошите дополнително време во потрага знаејќи дека на крајот ќе имате нешто што навистина вреди. Љубител на винтиџ-стилот кој често другите го карактеризираат како неконвенционален и ексцентричен.
4. Смел широк прстен
Држењето до традицијата е нешто кое никогаш не ви паднало на ум. Вие имате сопствен пат во животот и сопствен стил па не правите никаков компромис. Вашата смелост ја покажувате со тоа што немате потреба да го следите трендот, наоѓајќи предмети кои зборуваат токму за таа ваша карактеристика.
5. Традиционален прстен од три дијаманти и спој на бело и жолто злато
Вие сте љубител на класичната едноставност но додавате свој печат преку спојот на бело и жолто злато. Вие сте зависник од треднот и првата личност на која се обраќаат пријатели за помош при изборот на облека.
6. Прстен со огромен дијамант
Самодоверба и гордост – тоа се двата збора кои совршено ве опишуваат. Прстен кој без двоумење кажува дека тоа што сте го добиле не е симболично скапцено камче туку цела карпа. Вие сте љубител на холивудскиот гламур кој ужива да биде во центарот на вниманието.
7. Едноставен и елегантен прстен
Вие сте љубител на минимализмот, кој преку спојот на жолтото злато и дијамантот сакате нешто кое ќе ги надживее сите трендови и моди. Го цените трудот и умешноста да се направи нешто така сложени и сакате нешто кое ќе трае засекогаш.
8. Прстен со многу, многу камења
Вечен романтичар. Сакате меки, етерични, женствени предмети. Го користите сето она што природата го нуди и најверојатно секогаш имате вазна со свежо цвеќе во домот.