Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот ПлусИнфо.
Балканската фолк-дува Лепа Брена (54) во едно свое неодамнешно интервју се потсетила на нејзината посета на познатата бугарска јасновитка Баба Ванѓа во Бугарија.
- „Ќе се омажиш за човек во бело. Ќе живеете во складен брак , но само ако не избереш за сопруг странец". Прво што ми падна на памет, беше дека тоа ќе биде некој доктор бидејќи мојот татко беше медицински работник, па така си ги поврзав работите. Бел костум, бела униформа - изјавила Лепа Брена за српскиот портал „Пулсонлајн".
Таа го прераскажала целото искуство со познатата јасновитка.
- Не бев претерано воодушевена од тоа предвидување бидејќи не можев да замислам дека ќе патувам низ светот, а дека тој ќе работи во некоја болница. Подоцна сфатив дека станува збор за белиот спорт - тенисот, бидејќи тенисерите носат бела униформа - раскажала пејачката.
Својот сопруг , поранешниот тенисер Бобан Живоиновиќ го запознала на премиерата на филмот „Хајде да се волимо". Таа повторно се сетила на зборовите на Баба Ванѓа. Ја запознала љубовта на својот живот.
- Мислев дека ќе наидам на некој доктор, аптекар или можеби и пекар, а се појави тенисер во бел комплет - изјавила Брена.
Таа подоцна опишала како Боба ја освоил.
- Кога го сретнав ми се допадна неговата спонтаност и искреност признала пејачката која со него има два сина. Боба од првиот брак има уште еден син.
Подготви:Б.В.