Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вечер прес.
Во својот нов спот тој се љуби со бугарската пејачка Рута, но не крие дека посакува да се љуби и со српската мега ѕвезда Цеца Ражнатовиќ со која лично се познава. За жал, се уште со Цеца нема снимено спот
Контровезниот бугарски пејач Азис кој од порано на македонската публика и е познат и како трансвестит или копија на нашиот Боки 13, повторно ја шокира јавноста. Иако е тој од оние пејачи што ги уриваат сите табуа, овој пат отиде чекор подалеку. Азис промовираше спот кој се вика „Циганче“ во кој тој се бакнува со девојка, не со маж.
–
Иако е познат по својата сомнителна сексуална определба, тој страсно се љуби со Рута Колева, која е популарна бугарска пејачка. Се тече, се се менува, па и самиот Азис, некогаш како жена, сега е како секси маж, кој посака да се љуби и со Цеца Ражнатовиќ неговата најомилена пејачка.