Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Во Штип.
Повеќето луѓе не можат да замислат да го почнат денот без шолја кафе, иако постојано читаме текстови кои предупредуваат на опасностите кои ги предизвикува кафето.
За да се провери оваа теорија и фактот дали и колку е опасно кафето, спроведен е еден експеримент.
Една жена пиела кафе секоја вечер во текот на еден месец.
-Пијам многу кафе и оваа задача не ми беше тешка. Првите неколку дена не чувствував ништо, но после седум дена ми се случи нешто во стомакот. Почнав да чувствувам непријатности во желудникот наутро, болки. Мислев дека сум само гладна, но сфатив дека тоа не е така, вели испитаничката.
Општо е познато дека талогот од кафето го отежнува варењето, а после три испиени кафиња ќе се чувствувате како нешто да ви го разнело желудникот.
-Мачнините ми беа поретки кога одлучив да јадам пред да го пијам кафето. Одлучив дневно да пијам по максимум шест шолји од 150 милилитри, со акцент на вечерниот ритуал. Како што поминуваа деновите, кафето ми влијаеше на мојот биоритам. Не можев да заспијам до 2-3 по полноќ, вели таа.
Испитаничката истакнува дека најтешко и влијаело турското кафе, а нескафето со млеко и еспресото, кое важи за едно од најјаките кафиња, не и влијаело тешко на желудникот.
-Кога пиев ладно кафе, немав главоболки, полесно заспивав и се будев. Не можам да речам дека сите последици ми беа предизвикани од кафето, но секако тоа ја засили мојата чувствителност на промена на климата и временските услови. Последната недела едвај чекав да помине тој месец дена и го молев Господ ништо да не ми се случи, затоа што мислев дека ќе експлодирам, заклучува таа.
За крај, таа вели дека после овој експеримент, ќе пие само по една шолја кафе, кое дефинитивно нема да биде топло турско кафе.
Дали и вашиот став кон кафето се смени откако го прочитавте овој текст?