Санирана дупката на патот Штип - Радовиш

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Плус инфо.

 

Дежурна екипа на ЈП Македонија пат вчера експресно ја санирала ударната дупка на патот Штип - Радовиш, од која бил оштетен бандажот на еден автомобил. Дупката е затворена со тампонирачки материјал, а ќе биде асфалтирана кога ќе се подобрат временските услови, информира Македонија пат.

Дупката е на 13. километар од Штип, сега се поставени знаци за ограничување на брзината на 30 километри на часи и за опасност на патот.

28 јануари 2015 - 09:00