Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Think.
Ако мислевте дека е доволно само тоа што повремено доаѓате во црква, а притоа не размислувате за тоа како треба да се однесувате, облечете и дали имате позитивни мисли, гадно сте се излажале.
Пред да се упатите кон „божјата куќа“, треба да знаете дека постојат правила на однесување. Ова се правила кои би требало секој верник да ги знае.
Прва работа која би требало да ја знаете кога ќе тргнете во црква е тоа дека треба да мислите дека се упатувате во Домот на Царот небесен, се советува во учебниците по „Веронаука во домот“.
Исто така доколку сакате молитвата да ви биде корисна, потребно е да му простите на секој кој ве навредил, бидејќи ако вие не им ги простите навредите на своите најблиски, тогаш ниту Бог вам нема да ви ги прости.
Важно правило до кое би требало да се придржувате за време на посетата на светиот храм е да не вртите грб на ниту една страна и да не гледате кој како се однесува. Потребно е само вниманието да ви биде насочено кон олтарот.
Смеењето и разговорот во црква не се пожелни бидејќи на тој начин го навредувате Бога и покажувате дека не ја почитувате црквата како најсветло место.
Се советува и за време на посетата на црквата да се сетите на своите мртви, но и да се помолите за нивната душа.
Исто така сетете се и на живите и помолете се за здравје на своите најблиски.
Се што ќе слушнете во црква да се чита, пее или проповеда, трудете се да го исполните и Бог ќе ве награди.
Размислете за сето ова пред да се упатите кон „божјата куќа“.