Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Ohrid Sky.
Речиси 60 отсто од луѓето се плашат од стареењето, а најмногу ги загрижува губитокот на памтењето, болестите и психичкото здравје, тврди новата британска студија. Освен тоа, тие се загрижени дали ќе останат сами, и дека нема да можат сами да се грижат за себе.
За повеќето испитаници, првите знаци на стареење се губитокот на косата, зголемената влакнавост на ушите и грбот, спиењето пред телевизорот и невештото ракување со модерните гаџети.
Со текот на годините и модниот стил се менува, па луѓето повеќе преферираат удобна, отколку модерна облека.
33 знаци на стареење:
– Вкочанетост
– Офкање при наведнување
– Користење фрази „Кога бев млада, работите не функционираа така“
– Користење фрази „во мое време“
– Губиток на косата
– Непознавање на музичката топ-листа
– Интензивирана влакнавост на ушите и во носот
– Избегнување кафулиња со гласна музика
– Жалење на болки во зглобовите
– Заборавање на туѓите имиња
– Избирање на облеката поради удобноста, а не поради трендот
– Мислење како сите на водечки позиции се едноставно премногу млади
– Спиење пред телевизор
– Задолжителна попладневна дремка
– Неразбирање на младешката култура
– Невешто ракување со модерните технологии
– Технолошка неупатеност
– Констанстно приговарање и жалење за што било
– Носење очила за вид околу вратот
– Непознавање на модерните марки
– Гледање сериозни емисии
– Бавно возење
– Избегнување да се носат тешки работи
– Постојано приговарање на телевизиската програма
– Заборавате каде сте ги ставиле очилата, торбата или клучевите
– Избирате мирна вечера дома наместо излегување во град
– Интересирање за антиквитети и базари
– Спиење после една чаша вино
– Тешко симнување на килограмите
– Градинарство
– Вложување во кремовите против старењее
– Уживање во местење сложувалки и решавање крстозбори
– Oстар јазик во секоја прилика, иако тоа не е секогаш примерно.