Пророчица од Босна видела на лажици- Аркан е жив, Цеца го издржува

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Прес 24.

 

Босанската пророчица Азира Муратовиќ е позната како жена гледа лажици. Ваквата нејзина моќ да „гледа во  лажици“ некои ја исмејуваат. Останува сами да одлучите дали и верувате или не.

- Најодговорно тврдам дека Жељко Ражњатовиќ Аркан е се уште е жив! Во сон видов дека е жив и дека наскоро ќе се обелоденат докази за тоа дека Аркан не умрел. Неговата жена го издржува и тоа го видов во сон. Видов дека ќе биде повикан од еден човек, а поради тоа што сакав да дознам кој е тој човек гледав на лажици. Седум лажици ми покажаа дека Аркан ќе има големи проблеми со тој човек“, изјавила пророчицата Азира Муратовиќ, која гледа во лажици за босанските медиуми, но не навела каде го „скрива“ Цеца.

Пророчицата вели и дека Цеца само глуми „тажна вдовица“, а всушност таа го издржува цело ова време, наведуваат босанските медиуми.

28 ноември 2014 - 13:46