Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Ставете вода во чашата, малку повеќе од пола, прстенот закачете го на конец, ставете го во центарот на чашата малку над водата и чекајте.
Она што треба да се случи е прстенот сам да почне да удира на ѕидовите од чашата, а вие броите, се додека тој сам не застане. Колку пати удрил во чашата, на толку години ќе се омажите.
Но морате добро да обрнете внимание, бидејќи може да се случи прстенот да удри, а да не го слушнете. Колку и да го повторувате овој експеримент, секогаш ќе испадне истиот број. За валидноста на овој експеримент тешко е да се зборува, бидејќи се работи за народно верување. Но, можете да пробате.