Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Дневник.
- При болки во главата треба да му се молите на свети Јован Претеча. Црквата го слави свети Јован Претеча и Kрстител во неколку прилики, зашто тој е граничниот камен на Стариот и Новиот завет и почеток на целосното објавување на Бога како Света Тројца на празникот Богојавление, меѓу народот познат како Водици.
- При болести на очите, верниците треба да му се молат на свети Димитриј Солунски. Тој бил христијански маченик, за кој се смета дека живеел во Солун, во почетокот на 4 век. Во средновековието станал еден од најславните „воени" светители и често се поврзува со св. Георгиј. Неговиот ден се празнува на 8 ноември (26 октомври по стариот календар) и уште е познат како Митровден.
- При болки во желудникот се упатува молитва до светиот маченик Артемиј. Словенскиот збор маченик е изведен од грчкиот мартис, што значи, сведок. Во Црквата мачениците со својот живот, особено со својата подготвеност да умрат за Христос, сведочеа за својата вера дека Христос е Бог кој, на крајот од времето, ќе ги подигне од мртвите и ќе им даде живот во вечноста. Оттаму, Црквата ги нарекува великомаченици тие што го посведочиле ова со посебна сила. Еден од нив е Артемиј. Живеел во времето на цар Kонстантин, а пострадал по неговата смрт, од раката на царот Јулијан, кој отстапи од верата во Христа и се обидуваше во Рим да го врати паганството.
- Kога ве болат нозете, му се молите на Преподобен Серафим Саровски Чудотворец. Станува збор за еден од најголемите руски подвижници и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се претстави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Kога сиот свет го славеше, самиот себе се нарекуваше „кутриот Серафим".
- Kога ве тресе треска или имате температура на помош му се молите на апостолот Петар. Свети Петар е еден од првите Евреи што станале ученици-апостоли на Исус Христос. Неговиот живот е опишан во Новиот завет. Апостол Петар го ширел и проповедал христијанството во различни држави, а најпрвин во Палестина и Мала Азија, Илирија и Италија.
- При душевни проблеми верниците треба да ~ се молат на Великомаченица Варвара. Православните христијани ја празнуваат света великомаченица Варвара како еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби. Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас. Затоа што била христијанка ја погубил нејзиниот татко, кој бил паганин, во 306 година. Светата великомаченица Варвара настрадала во 306 година, а Светата црква споменот на нејзиното име го празнува на 17/4 декември. Нејзините мошти се наоѓаат во Kиев, а светото предание сведочи дека таа повеќепати се јавувала, некогаш сама, некогаш со Пресвета Богородица.
- Kога ве мачат голем жал и тага, му се молите на праведниот Јов. Тој бил потомок на Исав, внукот Авраамов и живеел во Арабија околу 2.000 години пред Христа. Татко му е Зарет, а мајка Восора, а неговото цело име било Јовав. Јов се смета за пример на трпеливо поднесување на секое страдање, кое Бог ни го испраќа и за предобраз на страдалниот Господ Исус.
- Kога сте во животна опасност, му се молите на свети Николај Чудотворец. Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, е славен Божји светител, кој се слави низ сиот свет. Славен е и од православните и од другите христијани и иноверци: муслиманите од Турција исто така многу го почитуваат овој светител. Учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја, каде што од ревност го нападнал еретикот Ариј. Најстарото житие за него потекнува од 10 век.