Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Доказ.
Македонската јавност денеска беше сведок на една невообичаена пракса, без преседан, предводена од порталот Инфомакс.мк.
Имено, порталот на 04.09.2015 година, објави вест, базирана на фејсбук статус од човек за кој порталот сам вели дека е квази-новинар и лажго, се со цел наведување на читателската публика и прибирање рејтинзи и кликови, за веста дека синот на Андреа Јосифовски, газдата на Макпетрол, ја прегазил младата Фросина а потоа избегал во Лондон.
Истата таа вест, неколку часа подоцна, откако се собраа доволно кликови и рејтинзи, порталот Инфомакс ја демантираше со уште една вест, дека фејсбук статусот на квази-новинарот и лажго, Зоран Божиновски е смислен од „соросоидите“ за да ја измами и излаже јавноста и дека сето тоа било морбидна смисла за пропаганда на опозициската партија.
Веднаш се поставува прашањето, зошто порталот Инфомакс.мк првично ја објави веста дека „синот на газдата на Макпетрол ја прегазил Фросина“, иако веќе знаел дека информацијата е лажна и претставува пропаганда и дали со тоа се прекршени не една, туку неколку новинарски етики во известувањето.
Дали овој потег на порталот, самиот претставува пропаганда на ширење невистини и билдање рејтинзи со скандалозни наслови и непроверени иформации или е, на некој начин, обид да всади информација во јавната свест за угледот на првиот човек на Макпетрол, за кого веќе постои кривична пријава за криминал и неговото име да го поврзе со една вистинска трагедија во која згасна млад човечки живот?
Редакцијата на ДОКАЗ.мк се извинува за објавениот текст со наслов „Синот на газдата на Макпетрол ја прегазил Фросина, а потоа избегал во Лондон“ .