Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Во младоста, на српскиот хармоникаш и пејач од повозрасната генерација Миланче Радосављевиќ му се случило нешто што е еднакво на најбизарните филмски приказни – клиничка смрт по удар од гром кога се засолнил под едно дрво додека грмело. Бидејќи мислеле дека тој починал, семејството го погребало, заедно со хармониката што едвај ја купил и што ги задолжило неговите родители. Тогаш таа чинела 25.000 динари, а платата на неговиот татко била само 6.000 југословенски динари.
Според зборовите на неговите соселани, некои арамии веднаш по погребот отишле на гробиштата за да му го украдат инструментот, по што се соочиле со вистински хорор! Имено, кога го откопале гробот, Миланче оживеал и наводно засвирел во моментот кога се обиделе да му ја грабнат хармониката. Шокирани, во страв и паника арамиите се разбегале, а нивниот чин се смета за благослов – затоа што се установило дека се работи за клиничка смрт на музичарот, кој оживеал, и да не го откопале за да го ограбат, ќе се задушел во сандакот положен и закопан во гробот.
Миланче, сфаќајќи што всушност се случило, си дошол дома весел свирејќи по пат на хармониката. На прагот од семејната куќа тој се појавил со својата скапоцена хармоника в раце! Откако родителите се опоравиле од шокот и неверувањето, неговиот татко потоа ги барал крадците да ги награди, но никој не одговорил на јавниот повик.