Петок 13, во комбинација со полниот месец на сите ќе им донесе неволји

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Република.

 

Оваа година петок, 13 доаѓа во комбинација со полниот месец и ќе ни донесе многу неволји, велат астролозите. Тие предупредуваат дека, поради оваа баксузна комбинација, овој петок да треба да разговарате многу со никој, бидејќи ќе дојдете во судир, да не работите, ниту пак да возите кола.

-Овој петок Месецот ќе биде во Стрелец, што значи дека сите ќе бидеме како дворски будали, премногу оптимистични и преосетливи. Ќе фантазираме да добиеме 3 милиони на лото, но секако нема да отидеме ниту да уплатиме ливче, а потоа во весниците ќе прочитаме дека некој извлекол седмица. Ќе бидеме вистински баксузи- објаснува астрологот Владо Влајиќ.

Меѓутоа, тоа ќе ни биде најмал проблем. Астрологот објаснува дека од една страна нема да имаме среќа со ништо, а од друга страна по цел ден ќе се караме со драгите лица.

Баксузниот петок 13 и полниот месец ќе направи проблеми и со новите љубови.

Астролозите советуваат да во тек на полниот месец не донесувате важни одлуки, не купувате куќа, стан, автомобил, па ни техника.

А ако баш во петок полагате некој испит, треба да испочитувате само едно правило.

-На студентите им советувам да учат од прва до последна лекција и така да ја испочитуваат симболиката на ретроградниот месец, како би ги положиле испитите- вели Влајиќ.

Иако можеби не сте суеверени, овој петок играјте на сигурно и идете порано на спиење, како би сте ги избегнале сите неволји, караници и баксузлаци.

12 јуни 2014 - 12:13