Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Машки магазин.
Бред Пит е верен на парфемотMUSK LORENZO VILLORESIкој е заокружен со миризливи тонови на даб, мов, сандалово дрво и мошус. Започнувајќи со највисоката нота на кардамон, овој парфем остава безвременски впечаток.
Парфемот беше воведен во 1995 година во форма на телесен и волшебен дрвен мирис.
Неговите врвни ноти се познати како кардамон, галканум, цветни ноти и бергамот. Во центарот на парфемот е роза и масло од гераниум, кое е малку поврзано со ноти од сандалово дрво, мошус, розово дрво, мов и ванила.
Токму кардамонот ја создава и привлечноста на парфемот.
Во една прилика, Бред Пит рече дека никогаш нема да го напушти овој парфем и дека во кревет однел многу девојки кои ги освоил мирисот, ама и самиот тој.
Можеби со овој мирис ја уловил и неговата нова девојка, 27 годишната германка Никол Потуралски која се занимава со манекенство.Имено, 56-годишниот актер бил фотографиран како слетува во приватен хеликоптер на југот на Франција, каде што ќе престојува на имотот Шато Миравал, во друштво на Никол.
Таа многу потсетува на неговата поранешна жена, актерката Анџелина Џоли.