Сузана Манчиќ повторно ќе оди на оросување на вагината. Екс водителката овојпат планира да го сними целиот процес за луѓето да видат како изгледа тоа и да престанат да се чудат.
Следната недела одам на оросување на вагината. Планирам да го снимам процесот за да можам да им покажам на сите како изгледа и да престанат да се чудат и да ме прашуваат. После секое оросување, најсреќен е мојот Симица, кој просто ужива во мојата нова вагина#, вели Манчиќ, која потенцира дека доколку и се укаже добра прилика, можеби и би го изневерила дечко и Симеон Оцомокос, со кого долги години е во врска.
"Имам намера оваа година да го изневерам, па ќе видиме до каде ќе стасам. До сега уште не сум го направила тоа, но никогаш не вели никогаш. Сепак, би го изневерила само со вистински маж, со некој кој бил во војска, кој знае да вози автомобил, кој има коса и не се депилира. Имам јас мои критериуми и под нив не се спуштам", додала Манчиќ која наскоро ќе стане и баба.
Ќерка ми Теодора ќе се мажи во мај, а свадбата ќе биде во Калифорнија. Подароци не им се потребни, поради тоа ништо нема да им купам, имаат веќе се. Теодора од мене доби се што можев да и пружам, а кога велам се, мислам на образованието и воспитувањето. Не ми пречи што зетот е 20 години постар од неа, никој нема право да ги осудува. Ако се задоволни тие и за нив годините не претставуваат пречка, тогаш и јас немам проблем со нејзиниот избор. Гледам дека ја сака и тоа ми е најважно", рекла Сузана.