Оваа жена стои мртва пред телевизорот 42 години!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Коментар.

Хрватката Хедвиг Голик била прогласена за исчезната. Родена е во 1924 година и според истражните органи си направила чаша чај, пред да седне да гледа телевизија.

Според полицијата покојната жена е видена последно од нејзините соседи во 1966 година. Потоа тие престанале да ја гледаат, па си помислиле дека заминала за Загреб.

Телото (или поточно скелетот) и е откриена од полицијата, кога од општината се одлучиле дека е крајно време да се открие сопственикот на имотот.

Кога влегле, се чувствувале како времето да застанало. Чашата од која таа пиела чај, уште стоела на масата, а куќата била полна со предмети кои со години веќе никаде не се сретнале.

21 февруари 2014 - 10:55