Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Мое здравје.
Ова растение може да се види насекаде околу нас. Има многу лековити својства, а се што треба да направите е да го соберете од дворот или околните планини.
Чајот од глуварче дејствува на клетките на ракот, влијае врз нив на таков начин што тие се распаѓаат во рок од 48 часа.
Нашите баби имале сирупи од цветовите од глуварче, знаејќи за неговата ефикасна сила, но сигурно не се сомневале дека коренот на глуварче може да им помогне на болните од рак.
Научниците откриле дека коренот на ова растение работи подобро од хемотерапијата, бидејќи само “убива” клетки кои се заразени со рак.
Покрај тоа, има диуретични својства, ја стимулира секрецијата на жолчката, го чисти црниот дроб, помага при алергии и го намалува холестеролот. Тоа содржи многу важни витамини и минерали како што се витамин Б6, тиамин, рибофлавин, витамин Ц, железо, калциум, калиум, фолна киселина и магнезиум.
Содржи до 535% од потребната доза на витамин К и околу 110% од препорачаната дневна доза на витамин А. Сите овие се факти познати со години.
Виндзор Универзитетот во Канада спроведе почетна студија на Одделот за хемија и биохемија, а резултатите даваат нова надеж за пациентите со рак. Се откри дека коренот на глуварче ефикасно ги “убива” клетките инфицирани со рак без штетни ефекти врз другите клетки во телото.
Џон Ди Карло, 72-годишен човек кој лично бил убеден во лековитите својства на глуварче, бил подложен на интензивна и “агресивна” хемотерапија за да се бори за неговото здравје. Процесот на лекување траел три години пред лекарите да го испратат дома за да ги помине последните неколку дена со своите блиски.
Поради фактот дека немаше ефект на хемотерапија, а лекарите не нудеа алтернативи за лекување на рак, Џон почнал да пие чај од коренот на глуварче како последно средство за спасение. Само четири месеци подоцна, според Природни вести, оваа личност доживеала ремисија на болеста.