Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Think.
Позицијата на бенката открива многу за личноста, па така онаа на челото се поврзува со страв од авторитети, а доколку е на носот со љубовни проблеми.
Позицијата на бенката на телото овозможува увид во човечкиот карактер, состојбата на умот, здравјето и иднината, судејќи според кинеската астрологија. Тоа знаење Кинезите го користат во медицината. Кинеските астролози веруваат дека енергијата во телото е поактивна во различни периоди. Врвот на таа енергија се рефлектира во здравите бенки. Во текот на тинејџерските години бројот на бенките се зголемува, а во бременоста можат да потемнат, додека после 40-тата можат полека да почнат да исчезнуваат.
Чело
Бенката на средината на челото открива некого кој има проблеми со авторитетот и не се снаоѓа добро со надредените или со родителите. Кога е бенката на страна се поврзува со енергичност и фокусираност.
Веѓи
Ако бенката е под веѓите, тоа симболизира богатство или изобилство. Бенката која се сокрива е знак на уште поголемо богатство. Кога е над веѓата значи дека во животот ве очекува постојано снабдување со пари.
Очни капаци
Бенката на очните капаци симболизира дисхармонија со семејството и постојано губење пари. Ако е под окото, тогаш упатува на преемоционална личност.
Образи
Бенката на образите е обележје на осамени луѓе и оние кои не можат да се смират за да основаат семејство. Ако бенката се наоѓа близу до носот, како кај Мерлин Монро, тоа може да упатува на несреќа.
Уши
Во кинеската астрологија, ушите го означуваат карактерот, па затоа бенка на ушите се поврзува со добра личност со добра репутација. Внатре во увото значи долг живот, на врвот симболизира интелигенција, а кога има бенки на двете уши, тоа е знак на влијание.
Нос
Бенката на врвот на носот укажува на љубовни проблеми и нестабилност, додека онаа на мостот на носот симболизира неволји. Оваа бенка исто така се поврзува со воркохолиците. Бенката на страна се поврзува со луѓе кои се добри со пари.
Брада
Кога бенката е на брадата, тоа симболизира тврдоглавост и упорност, но се поврзува и со желбата за промена или патување.
Усни
Ако бенката е над горната усна, оваа позиција се поврзува со привилегиран живот. Бенката под долната усна е знак дека вашите деца ќе бидат успешни во животот.
Врат
Вратот во кинеската астрологија се поврзува со духовниот и телесниот живот. Бенката на тоа место го прекинува дотокот на енергијата и може да означува разочарување. Ако е на средината на вратот, тогаш се поврзува со див карактер и личност која може да ги повреди блиските луѓе.
Раце
Бенката на подлаткицата укажува на сочувствителни луѓе, а на надлактицата – добра снаодливост со пари.
Гради
Симбол на моќ, висока позиција во друштвото или во професијата. Ако се наоѓа на брадавиците, тоа значи дека децата ќе ви бидат успешни во животот.
Стомак
Колку е поблизу до папокот, толку повеќе среќа во животот ќе имате.
Дланки
Овие бенки укажуваат на вешти луѓе кои можат добро да заработуваат.
Грб
Луѓето кои имаат бенка на грбот најчесто носат тежок товар во животот. Тие напорно работат, затоа успехот им е извесен, но им треба повеќе време за да го постигнат.
Нозе
Бенка на бедрата е знак кој ги открива луѓето кои се одлични во кревет и сакаат да експериментираат. На листовите е знак на спортски проблеми, а на колената на пари.
Стапала
Бенката на стапалата се поврзува со добар водач и добри дела.
Задник
Бенката на овој дел од телото се поврзува со обилна храна и здравје. Таа симболизира добра репутација и великодушна желба за помош на другите.