Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Прес 24.
- Многу се покајав што направив црна магија за Јелена Карлеуша, па сега морам јавно да ја кажам вистината за да знае и таа како да се спаси, но и да ми прости, ја започнува приказната за таблоидот Скандал оџата од Сараево и продолжува.
- Среде ноќ кај мене дојде близок колега на Јелена со црн џип. Го познавав од телевизија и ми беше познат затоа што соработуваше со Јелена. Ме молеше да му помогнам да и се освети на Јелена затоа што нешто беше незадоволен од нивните односи, не можел да и се приближи колку што тој сакал, не му дозволила да биде покрај неа нон - стоп. Затоа јасно ми кажа дека сака таа да се разболи, полуди, и да нема повеќе ниту еден голем хит. Инаку, сето тоа се случуваше кога Јелена го имаше најголемиот хит Инсомија, по нејзиниот концерт во Арена... Тој бараше по Инсомнија да не сними ниту еден хит и од тогаш кариерата и животот да и тргнат на лошо. Исто така сакаше и здравствено и психички да биде се полошо. Јас направив големи записи тогаш и направив лошо дело и затоа сакам се искупам и да и побара помош. Тоа само некој голем волшебник може да и ја симне. А ако не побара помош, ќе биде се полошо, видов дека веќе била на операција, раскажува оџата и продолжува:
- Колку што гледам, Јелена е одлична. Нејзината енергија е силна и магијата не може тотално да ја уништи. Популарна е, славна, ги полни сите клубови, го наполни и Ушче кога оддржа концертот, а гледам дека е популарна и во Турција, Германија, Америка, и во круговите на познатите во Холивуд, но сигурен сум дека нејината кариера ќе одеше три пати подобро да не беше тоа што и го направивме. На неа и е судено да има планетарни хитови и да ја обожаваат милиони луѓе, а тоа ќе и се случи, само што побргу ја симне магијата и неправда која и ја направивме. Ме загрижувашто подолго време ништо не нимила и се плашам дека е тоа таа блокада. Јас веќе тешко болен, сакам да се простам со сите и ја опоменувам Јелена да се чува затоа што има многу љубоморни луѓе околу неа, завршува оџата.