Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Макфакс.
Ангелската нумерологија се однесува на броеви што се повторуваат и имаат посебно значење. Што значи кога гледате три единици или три четворки?
Веројатно сте виделе исти бројки или повторувани комбинации неколкупати – на пример, го земате телефонот и гледате 1:11 на екранот. Или ќе купиш нешто и ќе видиш дека чини 111 денари или ќе помине автомобил со бројот 111 на регистарската табличка. Примери има безброј…
Многу луѓе веруваат дека во тоа време ни зборуваат ангели, кои имаат некои важни пораки за нас. Се верува дека секој од нас при раѓањето добил свој личен ангел чувар – неговото невидливо присуство штити, предупредува на опасности и нè води на вистинскиот пат. Најчесто ангелите испраќаат совети во форма на знаци – во овој случај, повторување броеви. И што точно значат тие бројки?
Број 111
Ако ја видите оваа бројка, тоа значи дека треба да верувате во себе и во поголемиот план на вашата душа. Бројот 1 во нумерологијата е знак на решителност. Вашиот ангел чувар ве охрабрува да излезете од зоната на удобност, да ја надминете мрзливоста и да почнете да дејствувате.
Број 222
Бројот 222 симболизира рамнотежа – треба да ги ослободите сите стравови и нервози бидејќи сте на вистинскиот пат. Дополнително, бројот 222 навестува доаѓање важна личност во вашиот живот, која ќе ви помогне да разберете која е вашата мисија и како да живеете на вистински начин.
Број 333
Тројката е симбол на љубовта и креативното изразување. Ако често го гледате бројот 333, вашиот ангел чувар ви кажува да се поврзете со нови луѓе и да бидете поактивни. Немојте само да седите дома и да чекате добри можности да ви паднат од небото. Среќата тропа на вашата врата – отворете ја.
Број 444
Според ангелската нумерологија, три четворки укажуваат на тоа дека дојде моментот кога универзумот ќе ги тестира вашите сила, волја и одлучност. Не откажувајте се сега – само еден чекор ве дели од успехот и посреќниот живот.
Број 555
Подгответе се за неочекувани пресврти и авантури. Бројот 555 покажува дека го имате целиот свет на дланка. Добри луѓе и поволни можности ќе влезат во вашиот живот. Шанса како оваа не треба да се пропушти.
Број 666
Ангелската нумерологија ги толкува трите шестки како знак дека е време да се промени правецот на движење. Доколку е потребно, оставете сè зад себе и почнете од нула. Кажете му збогум на минатото и сето она што го попречуваше вашиот раст и развој на сите полиња. Земете го вашиот живот во свои раце.
Број 777
Ако често го гледате бројот 777, ангелите ве предупредуваат никому да не му ги откривате вашите планови. Време е да ги извадите розовите очила и да се спуштите на земјата. Не се сите ваши пријатели и не мислат сите добро за вас. Одделете ја пченицата од плевата.
Број 888
Во ангелската нумерологија бројот 8 означува бесконечност. Ова е поволна комбинација на бројки, што укажува на патување, движење или нова работа. Ќе следуваат големи промени во вашиот живот и, конечно, ќе пристигне наградата за сето добро што сте го направиле досега.
Број 999
Комбинацијата од три броеви девет укажува на завршување важен циклус во вашиот живот. Всушност, пред да преминете во нов циклус, универзумот ќе ве тестира за да види дали добро сте ги совладале сите лекции.