Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Досегашните методи за откривање на ракот вклучуваа внесување на молекули со инјекција, но новиот метод го елиминира инвазивниот дел со модифицирање на бактерии во јогуртот.
Научниците од Институтот за технологија Масачусец дошле до уште еден едноставен метод за откривање на ракот, кој вклучува само јогурт и тест на урината.
Професорот Сангита Батија успеал да развие молекули кои се однесуваат како биомаркери во откривањето на ќелиите на колоректалниот рак. Ако тие молекули се испијат заедно со јогурт, наоѓаат пат до ќелиите на ракот, каде ензимите се раствораат до ситни честички и се исфрлаат од телото со урината.
Се што потоа е потребно е да земете мало парче хартија и да ги соберете тие честички. Тестирањата се спроведени врз лабораториски глувци, додека при клиничките тестирања кај пациенти овој метод би се покажал како мошне едноставен и евтин.
Според Амриканското здружение за борба против ракот, дури 40 отсто од луѓето со колоректален рак имаат рана дијагноза на болеста заради ниското ниво на испитување.