Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Баркод.
Српските медиуми пишуваат дека директорот на “Гранд Продукција“, Саша Поповиќ, во хотелот во Скопје каде престојувал преживеал вистинска драма. Поповиќ во неколку наврати доаѓал и заминувал од хотелот во кој бил сместен во Скопје, а по завршувањето на шоуто тргнал во својот апартман, но тука настана целиот проблем.
Имено, Поповиќ не успеал лесно да дојде со својот апартман. Откако се возел постојано со лифтот горе – доле, Саша останал заглавен во истиот. Откако по целата драма, која траела неколку минути, конечно успеале да го евакуираат директорот на Гранд тој излегол блед како крпа од лифтот, а потоа како да го брка некој трчал по скали за да стигне до својот апартман.