Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Претходните три недели беа пеколни за Наташа Беквалац и таа тоа им го откри на фановите и откри дека била многу хистерична. Пејачката неодамна беше на ласерска терапија бидејќи сака да престане да пуши, а тоа изгледа не е воопшто лесно.
Меѓутоа таа е толку горда на себе што едвај дочека да се пофали.
Добро утро. Ден 21 без цигари. Сега и официјално сум непушач! Неодамна во налет на хистерија морав да се истрижам и да ја сменам бојата на коса. Тоа беа за мене три пеколни недели, ќе ви раскажувам. Мојата банда и јас само што тргнуваме за Македонија, се гледаме во Скопје – напиша убавата Ната.