Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фактор.
За трпезата на Бадник има многу верувања, во различни краеви домаќинствата различно се подготвуваат, има разлики и во јадењата кои се поставуваат. Сигурно е само дека сите месат лепче со паричка, а лепчето но и останатите јадења треба да се посни. Се верува дека на Бадник треба да има непарен број јадења, на пример седум видови храна, девет или 11. Според традицијата ако ставите повеќе јадења годината ќе биде подарежлива.
Традиционално, на бадниковата вечера мора да има лепче со паричка, компот, гравче, секакви виодви овошја, свежи сезонски но и суво смокви, субо грозје. Се ставаат ореви во лушпа, тиква, леблебија. За лукот се верува дека мора да го има затоа што има симболика за борба против болести и зло.